Friday, 4 October 2013

КРУЛ ГИ НЕГИРАШЕ ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗАМИНУВАЊЕ

-  Крул негираше за Арсенал и Милан


Голманот на Њукасл, Тим Крул ги отфрли шпекулации за трансфер во Арсенал или Милан. Во последниве недели се појавија гласини дека двата гиганти ќе започнат преговори во Јануари со раководството на "страчките", но искусниот холандски репрезентативец јасно кажа дека нема намера да го напушти тимот на Њукасл.
"Не го читам она што се пишува во весниците. Сакам само да кажам, дека имам 4-годишен договор со Њукасл и сум многу среќен овде. Во оваа фаза не мислам за трансфер", кратко изјави Тим Крул.

No comments:

Post a Comment