- Крал Кени се врати во Ливерпул
Легендата на Ливерпул, Кени Далглиш се врати во клубот. 62-годишниот шкотланѓанец се согласи да стане член на Бордот на директори. По разговорите со Брендон Роџерс и Јан Ајер, 62 -годишниот Далглиш се согласи да влезе во раководството на Ливерпул.
"Со нетрпение чекам да ја започнам работата во Бордот и се надевам да бидам полезен на Ливерпул за стратешките прашања. Ливерпул ми даде толку многу на мене и моето семејство од времето, кога дојдов тука пред 36 години, ќе постапувам, залагајќи се за интереси на клубот. Токму тоа ќе биде приоритет во моето срце", изјави Далглиш.

No comments:
Post a Comment