- Дембеле: Мора да ги победиуваме, тимовите кои се позади нас
Халфот на Тотнем, Муса Дембеле го повика неговиот тим да биде концентриран во натпреварите на прв поглед слаби тимови.
"Ако сакаме да бидеме во Топ 4 треба да можеме да победуваме во вакви средби. Јасно е, дека кога еден тим сака да биде шампион или да игра главна улога во првенството, потребно е да победува во слични дуели".
"Средбите со помалите тимови се од огромно значење. Навистина како мотивација е полесно да се соочиме со големите тимови, но сакаме да сме топ-тим, тогаш треба да сме концентрирани и во такви натпревари. Сето тоа е прашање на психологија. Потребно е да победуваме и секој во тимот да знае, дека ќе има шанса за докажување, бидејќи сезоната е навистина многу долга и тешка", изјави Дембеле.

No comments:
Post a Comment