Thursday, 31 October 2013

ФА ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЈА ПРОТИВ НОРИЧ,КАРДИФ И БРУС.

-  ФА подигна обвиненија кон Кардиф, Норич и Стив Брус

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поднесе обвиненија кон Норич и Кардиф за расправија меѓу фудбалерите на двата тима за време на саботната средба од Премиер лигата на "Кероу Роад". На крајот на предметната средба полудефанзивецот на "канаринците" Алекс Тетеј заработи повреда и голманот на гостите Дејвид Маршал ја исфрли топката во аут за да му биде укажана помош на противничкиот фудбалер. Како што е вообичаено, Норич ја врати топката на противникот, но Лирој Фер наместо да ја додаде кон играч на велшкиот тим, тој го погоди  празниот гол на Кардиф.
Тоа предизвика големо незадоволство на гостите, а "канаринци" пак побрзаа да го заштитат својот соиграч.
Денес стана познато, дека ФА подигнала обвиненија за конфликтот, а термин до кој треба да бидат дадени објаснувања е 4 Ноември. Освен тоа, ФА покрена обвинение и против Стив Брус, кој минатиот викенд ја нарече "шега" одлуката на главниот судија Мајкал Оливеира да му подари на Тотнем пенал. Стив Бурса го има истото време, за да одговори на обвинувањата.

No comments:

Post a Comment