- Шефот на ФА сакаат промена
Претседателот на ФА, Грег Дајк побара промена на дисциплинските правила, незадоволен што Фернандо Торес не доби казна по инцидентот со Јан Вертонген пред 10 дена.
"Сегашната ситуација не е правилна. Кога милиони фанови можат да ја видат ситуацијата како оваа по телевизија, но ФА не изрече казна, е нормално да има разочарување. Очигледно промените во правилата не беа доволни. Како претседател на ФА не можам да си објаснам зошто не е изречена казна за нешто толку очигледно", изјави Дајк.
Минатата недела менаџерот на Тотнем, Андре Вила-Боаш исто така негодуваше против тоа, што на Торес му беше простено.

No comments:
Post a Comment