- Вермален без гаранции за стартното место
Капитенот на Арсенал, Томас Вермаелен изјави, дека водел разговор со менаџерот на тимот Арсен Венгер за неговата положба, но не добил гаранции дека ќе го врати стартното место.
"Секако, да седам на клупата во Арсенал не е најдобриот начин да се подготвувам за Светското првенство во Бразил".
"Разговарав многу со Арсен Венгер, но не добив гаранции. Ми останува само да чекаме и да го давам најдоброто за време на тренинзите, но сега тимот игра добро и поради тоа ќе ми биде тешко да си пробијам пат назад", изјави Вермаелен.

No comments:
Post a Comment