Tuesday, 29 October 2013

ПАНТИЛИМОН ГО МЕНУВА ХАРТА НА ГОЛОТ НА СИТИ.

-  Пантилимон го заменува Харт на голот на Манчестер Сити

Резервниот голман на Манчестер Сити, Костел Пантилимон ќе започне како стартер за " граѓаните " во утрешниот дуел од Лига Купот против Њукасл на "Сент Джемсис Парк". При добро претставување против "страчки" романецот по секоја веројатност ќе го заземе местото на Џо Харт и во следниот натпревар од Премиер лигата со Норич. Англискиот репрезентативец се наоѓа во ужасна форма и од почетокот на сезоната направи голем број на грешки. Трпението на Мануел Пелегрини сепак се исцрпало по слабите резултати на голманот во дербито со Челси. Повиците меѓу навивачите на Сити за тоа да се даде шанса на Пантилимон се по масовни и чилеанецот е подготвен да ги послуша. Паралелно со тоа во англиските медиуми се појавија гласини, дека во Јануари, Палегрини ќе се обиде да донесе искусниот голман на Малага, Вилфред Кабаљеро.

No comments:

Post a Comment