- Сако: Конкуренцијата во Ливерпул е поизрамнета од таа во ПСЖ
Дефанзивецот на Ливерпул, Мамду Сако призна, дека неговото напуштање на ПСЖ било условено од неговата желба да се врати во националниот тим на Франција. Во ПСЖ, 23 годишниот дефанзивец не се чувствуваше удобно поради конкуренцијата од триото бразилци во лицето на Алекс, Тиаго Силва и Маркињос. Токму поради оваа причина французинот одлучил да ја одигра сезона, пред СП 2014, во Ливерпул.
"Бев должен да го напушти Париз, за да се врати во националниот тим на Франција. Тоа што мене повторно ме пуштаат на теренот зборува многу. Во Ливерпул има многу добри играчи на мојата позиција, но конкуренцијата за разлика од ПСЖ е поизрамнета, изјави Сако.

No comments:
Post a Comment