Saturday, 5 October 2013

ПЕЛЕГРИНИ ЗБОРУВА ЗА ХАРТ И ЕВЕРТОН

-  Пелегрини уште му верува на Харт

Менаџерот на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини изјави дека продолжува да верува на голманот Џо Харт .
"Ќе одлучам во часовите пред натпреварот дали Харт ќе брани против Евертон. Се разбира, дека Џо знае, дека треба да го подобри своето претставувањето, но тој исто така е свесен дека ние му веруваме потполно. Костел Пантилимон исто така е многу добар голман, кој исто така може да застане на нашиот гол. Тој работи напорно ние сме апсолутно сигурни, дека тој може да започне како стартер во утрешниот натпревар, ако се решиме за тоа," изјави Пелегрини
"Ние изгубивме од Астон Вила, но игравме многу добро во овој натпревар. Ние сме должни да ја одржуваме концентрација во сите 90 минути во секој натпревар. Фудбалот е сегашноста, а не минатото. Евертон е многу тежок противник. Евертон сеуште е без пораз од почетокот на сезоната. Сигурен сум, дека ние може да ги освоиме трите поени и да го добиеме овој натпревар", рече уште Мануел Пелегрини.


No comments:

Post a Comment