Tuesday, 8 October 2013

БА: ЗАДОВОЛЕН ОД СВОЈАТА ИГРА ПРОТИВ НОРИЧ.

-  БА: Секогаш работам напорно и го чекам својот момент

Напаѓачот на Челси, Демба Ба нема намера да се откажува од битката за стартно место кај "сините".
"Тешко е да седиш на клупата и крај аутлинијата, но јас сум професионалец, при тоа добар. Секогаш работам напорно и го чекам својот момент. Треба да покажеш 100 проценти од своите можности, за да сметаат на тебе за следниот натпревар. Го покажав тоа и се трудев. Кога го напуштив теренот против Норич, бев задоволен од завршената работа. Само неколку часа, пред почетокот на натпреварот дознав дека ќе играм. Дадов се тоа себе. Работам многу за да бидам подготвен, кога ќе му бидам потребен на тимот. Задоволен сум од асистенција кон Оскар и најмногу од победата", изјави Ба.

No comments:

Post a Comment