- Мерсон му дал на Реднап 30 илјади фунти за да му ги чува за време на натпревар
Култна случка од блиското минато во англискиот фудбал излезе на виделина. Во својата нова автобиографија "Always Managing" поранешниот тренер на Тотнем, Портсмут, Вест Хем, Саутхемптон и актуелен на Квинс Парк Ренџерс, Хари Реднап раскажува за тоа, како требало да чува 30 000 англиски фунти во готовина за време на натпревар, кои по дуелот неговиот капитен Пол Мерсон требало да ги даде на ирската мафија. Ова е уште една исклучително интересна приказна од животот на големите фудбалери во Англија на почетокот на 90-тите години и нивното скандалозно однесување. Еве што пишува Реднап за случката со Пол Мерсон.
"Еден ден имавме натпревар со Милвол, Пол влезе во соблекувалната со темна хартиена кеса полна со пари. Ме праша: "тренер, ќе се грижите ли за тоа наместо мене? Внатре има 30 "големи". За букмејкерите се од ирската мафија. Ме следат и треба да се видам со нив по натпреварот. Те молам, да ги пазиш до крајот на натпреварот". Немаше како да ги остава во соблекувалната и затоа решив наместо во костум да излезам на теренот во тренерки и да ги стави во здолништето. Сè беше во ред, додека не требаше да скокнам да им давам инструкции на моите фудбалери и пликот со пари не се спушти надолу по тренерките. Моментално седнав обратно, како да имав некој проблем со половината. Од штабот почнаа да ме прашуваат дали немам потреба од лекар, а јас се прашував како да им објаснам, дека сум добро. До крајот на натпреварот стоев мирно и само ги местев парите во здолништето. На крајот победивме со 5:0, а на Мерсон му аплаудира дури навивачите на Милвол. А и тоа не беше единствената наша победа овој ден. Пол ми рече подоцна, дека всушност должи околу 100 илјади на букмејкерите, но тие се согласиле да земат 30 илјади кеш", пишува Реднап во кингат за овој интересен момент од неговата кариера.

No comments:
Post a Comment