- Агуеро мислел за враќање во Аргентина
Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро призна дека размислувал за враќање во Аргентина во текот на летото. Причината за тоа е испаѓањето на неговиот роден клуб Индепендиенте од елитата во неговата татковина и желбата на играчот да му помогне на клубот да се врати во првиот ешалон.
"Го сакам Индепениенте, а кога дознав за неговото испаѓање, веднаш ми дојде идејата да се врати таму за да му помогнеме за неговото враќање во елитата. Навистина мислев за ова прашање, но мојот агент ми кажа, дека од Сити ќе ме убие ако разбере за тоа. Знам, дека работата ми е да играм за Сити, но само кажувам, дека во мојот ум ми мина слична мисла да му помогна на Индепендиенте. Инаку се чувствувам среќен овде уште од првиот ден. Сигурно, кон крајот на мојата кариера повторно ќе го облечам дресот на Индипендиенте", изјави Агуеро.

No comments:
Post a Comment