- Ќерката на Мојс е причината Заха да не игра за Јунајтед
Новиоѕ член во Манчестер Јунајтед, Вилфред Заха го прифати доста буквално инструкциите на менаџерот Дејвид Мојс, дека треба да се вклопи со колективот. 20-годишниот играч на "црвените ѓаволи" успеал да се запознаат со семејството на тренерот, откако беше фатат во креветот на ќерката на Мојс, Лорен.
Според злите јазици токму поради тоа менаџерот на шампионите ја закотвени поранешната ѕвезда на Кристал Палас на резервната клупа. Заха уште не играл во Премиер лигата оваа сезона.
Се разбира, фудбалерот побрза да ги негира гласините, но тој дури и не беше вклучен во составот на резервите на Јунајтед против Болтон во Средата. "Тоа се глупави гласини. Детска работа", напиша самиот Заха во својот профил на Твитер.
За да го насочи Заха во вистинскиот пат, Дејвид Мојс му нареди на момчето да го земе соседното шкафче до тоа на Рајан Гигс, а при гостувањата двајцата , чија разлика е 20 година, делат иста соба. На тој начин Гигс треба да налее малку памет во главата на еден од најнадежните таленти во Англија.

No comments:
Post a Comment