- Премиер лигата блеска и кај националните тимови
Кое првенство е најсилно ? Ова прашање постојано носи полемики. Во деновите, во кои фокусот е врз националните тимови, се покажа дека Премиер лигата се претставува дбро и во таков момент. Во петокот се играа голем број натпревари од квалификациите за светското првенство. Во нив беа постигнати вкупно 106 гола.
Речиси една петтина од погодоците беа постигнати од играчи од Премиер лигата. Вкупно 20 погодоци беа реализирани од фудбалерите кои го заработуваат лебот во Англија. Со ова Премиер лигата претекна многу другите првенства.
Русија беше втора со 11 гола, а француската Лига 1 донесе 10 погодоци во квалификациите за СП 2014 во петокот. Дури потоа се подредија Германија и Шпанија. Интересното е што дури втората дивизија на Англија, Чемпионшип дивизијата влезе во листата со 2 гола.
Меѓу голгетерите од Премиер лигата во петокот беа Робин ван Перси, кој постигна хет-трик и го собори рекордот на Патрик Клајверт по погодоци за Холандија. Един Џеко и Никлас Бентднер постигнаа по два гола за Босна и Херцеговина и Данска.
Што се однесува до клупската статистика Манчестер Јунајтед имаше четири гола (1 на Руни). Следуваат, Арсенал и Манчестер Сити со по 3, Тотнем и Евертон со по 2, Саутхемптон, Ливерпул, Норич, Њукасл, Челси и Сандерленд исто така имаа голгетер.

No comments:
Post a Comment