- Реднап: Ќе биде изненадување ако Тотнем заврши под Арсенал
Поранешниот менаџер на Тотнем, Хари Реднап е убеден дека сегашниот состав на "Спарс" е способен да се бори за највисоките места во првенството на Премиер лигата на Англија.
"Нема да е лесно да се справат со вакво количество добри фудбалери. Според мене, во моментов Тотнем има најдобриот тим во првенството. Тие потпишаа со неверојатни играчи и сега "Спарс" се вистинска сила. Тие имаат одличен тим, кој е во можност да се бори за титулата. Ќе бидам многу изненаден ако Тотнем заврши под Арсенал оваа сезона ", изјави Реднап.

No comments:
Post a Comment