- Кронке сака нов договор за Венгер
Сопственикот на Арсенал Стан Кронке ја соопшти својата голема желба да склучи нов договор со менаџерот на тимот Арсен Венгер.
"Никој досега не ми оставил толку силен впечаток и јас сметам, дека тој се справува извонредно со својата работа. Ние многу го поддржуваме, никогаш не сме имале несогласувања, се гордееме со него, се гордееме со тимот и со тоа како клубот се развива и се претставува на овој свет".
"Апсолутна вистина е дека тој (Венгер) зазема централно место во нашите планови. Арсен знае што чувствуваме кон него, ја знае нашата филозофија и знае што сакаме. Мислам, дека нашите желба целосно се совпаѓаат. Мислам, дека тој ја сака истата точност".
"Арсен секогаш бил самостоен, тој сам донесува одлуки. На неговата работа се врши огромен притисок, но тој многу добро се справува со тоа и во одреден момент сите ќе решиме, дали ќе ја продолжиме нашата соработка", изјави Кронке .
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер изрази подготвеност да го прифати предлогот на сопственикот на клубот Стан Кронке и да склучи нов договор.
"Искрено, јас сакам да останам тука засекогаш, бидејќи тоа ќе значи дека сум бесмртен. Не сум толку наивен за да верувам во тоа, но до моментот во кој се наоѓам овде, јас ќе се трудам со сите сили заради овој клуб и се разбира, јас го сакам овој клуб. За мене е огромна чест што Стан Кронке ми се доверува и мислам дека сум способен да му помогнам на тимот. Тоа е огромен глас на доверба за мене, што е нешто многу позитивно".
"Добро е што нема потреба да разговарам за продолжување на договорот. Не мислам дека во овој момент тоа е најважно. Реков дека сакам да се фокусирам на квалитетот на нашето претставување во сезоната и никој не може да ја стави под сомнеж мојата оддаденост кон клубот. Сакам да бидам успешен и поради тоа прашањето за продолжување на договорот стои на второ место. Одбив многу предлози, бидејќи го ценам тоа што е тука. Секогаш сум го сметал овој клуб за посебен и е важно да се знае што сакаш. Високо ги ценам квалитетите, кои ги манифестира Арсенал", изјави Венгер.
На прашањето, кога ќе потпише нов договор, Арсен одговори:"Кога ќе најдам време".

No comments:
Post a Comment