CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Wednesday, 4 September 2013

РЕАКЦИИТЕ НА КОМПАНИ И РУНИ ПО ТРАНСФЕРОТ НА ФЕЛАИНИ ВО ЈУНАЈТЕД.

-  Компани го поздрави Фелаини како "бучен сосед"

Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани го поздрави својот соиграч во националниот тим на Белгија, Маруан Фелаини за трансферот во Манчестер Јунајтед.
Иако 25-годишниот халф отиде кај градскиот ривал, Компани сепак одлучи да му честита на доста интересен начин. "Честитки, Маруан. Се радувам за секој сонародник, кој напредува. Сега ќе бидеме соседи. Внимавај, можам да бидам доста бучен ..." напиша тој на својот профилот на "Твитер".
Руни пак го икористи профилот на Фејсбук, за да ја искаже радоста од трансферот на Фелаини.
"Сакам да го поздравам Маруан Фелаини во клубот! Секогаш играл многу добро против нас и е многу подобар играч, од она што зборуваат за него!", изјави англискиот репрезентативец.

No comments:

Post a Comment