- Хал Сити потпиша со египетски репрезентативец
Хал Сити успеа да потпише со напаѓачот на Ал Ахли и националниот тим на Египет, Гедо. Според информации на официјалниот сајт на клубот од Премиер лигата, 29-годишниот фудбалер ќе игра на позајмица за "тигрите". Се претпоставува дека во договорот е вклучена и клаузула за купување на играчот по завршувањето на сезоната.
Минатата сезона Гедо веќе играше за Хал Сити, постигнувајќи 5 гола во 12 натпревари.

No comments:
Post a Comment