- Роџерс: Задоволен сум од работата ни на трансфер пазарот
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс го коментира летениот трансфер прозорец на клубот.
"Многу сум задоволен. На трансфер пазарот ова лето проработивме многу продуктивно. Зделката со Сако за многу луѓе е изненадување, бидејќи тој е француски репрезентативец и има добра статистика во ПСЖ. Тој и Тиаго Илори се навистина добри централни дефанзивци, кои не се само во состојба да донесе полза за Ливерпул, но одлично се вклопуваат во изградбата на новиот тим. Моузес добро работи со топката, тој поседува прекрасна техника, може да игра како и од лево и од десно. Навивачите ќе се заљубат во него, бидејќи тој сака да ги надиграва противници лице в лице, не се плаши да влезе во дуел, но освен тоа има одлична играчка дисциплина ", изјави Роџерс.

No comments:
Post a Comment