- Одемвинге премина во Кардиф
Кардиф Сити потпиша со напаѓачот Питер Одемвинге, соопштува официјалниот сајт на велшаните.
Поранешниот фудбалер на УБА е осмото ново засилување на Кардиф, кое го чинеше клубот од Велс, 2.5 милиони фунти.
"Мило ми е што доаѓам овде. Тоа е клуб кој се развива брзо и многу сум ентузијазиран. Се надевам дека брзо ќе се вклопам во колективот и ќе сум на линија за претстојното гостување на Хал Сити", изјави Одемвинге.
Нигерискиот репрезентативец играше три години за ВБА и даде 30 гола во Премиер лигата за Албион.

No comments:
Post a Comment