CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Sunday, 1 September 2013

ИЗЈАВИ НА МОЈС И РОЏЕРС ПРЕД ДЕРБИТО, ЛИВЕРПУЛ-ЈУНАЈТЕД.

-  Мојс сака даго надминеe проклетството Енфилд

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојс се надева дека конечно ќе ја прекине серијата без победа на "Енфилд " .
"Ситуацијата кај мене сега е сосема поинаква. Јас одам на "Енфилд" со шампионот, а тоа е многу поразлично од порано. Ќе бидам со друг состав на играчи. Секогаш сум излегувал на " Енфилд " со доверба во своите сили, но секогаш сум знаел дека тие имаат добар тим. Токму поради тоа таму е многу тешко да се победи - Ливерпул им одличен тим ".
" Во Евертон не можевме да се натпреваруваме целосно со нив. Тие имаа поголеми финансиски можности од нас, но ние секогаш сме правили се за да победиме. Навистина, за секоја победа се даваат по три поени, но ако успееме да ги победиме, тоа ќе биде нешто повеќе од поени. Ливерпул ќе биде меѓу лидерите во оваа сезона, поради тоа, ако успееме да ги победиме, ќе имаме многу добар почеток", изјави Мојс .
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс смета дека заминувањето на Сер Алекс Фергусон може да ги промени многу работи во Манчестер Јунајтед .
"Мислам, дека тоа може да влијае на односите внатре во Јунајтед . Менаџерот може да влијае врз односите меѓу играчите . Погледнете го мечот со Челси. Се одеше кон 0:0 , а на " Олд Трафорд " беше тивко . Ако Сер Алекс беше таму, тој најверојатно ќе ја сакаше победата и поради тоа навивачите ќе чекаа гола до самиот крај. Сер Фергусон е познат по тоа што секогаш прашуваше за преостанатото време до последниот судиски сигнал и го користеше тоа " , изјави Роџерс .


No comments:

Post a Comment