- Стекеленбург може да биде опериран
Голманот на Фулам, Мартен Стекеленбург можеби ќе претрпи операција на рамото, бидејќи не успева да ја преодолее повредата.
Холанѓанецот настрада уште во 1-то коло на првенството и од тогаш нема играно, бидејќи повредата се искомплицира на тренингот. Засега воопшто не е јасно кога ќе се врати Мартен.
"Ако до 2 недели нема подобрување, тогаш веројатно ќе треба да биде опериран. Веќе измина повеќе од еден месец, а ситуацијата останува иста. Кога тренира чувствува болка, па затоа, треба да бидеме многу внимателни", изјави Јол.

No comments:
Post a Comment