- Бербатов може да работи повторно со поранешен тренер на Јунајтед
Тренерот на Фулам, Мартин Јол се надева дека ќе го донесе во својот тренерски штаб поранешниот помошник на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, Рене Моленстијн, соопштува британскиот печат.
Во оваа сезона "котиџерс" не ја почна добро сезоната, освојувајќи само четири поени од пет натпревари во Премиер лигата. Се смета, дека Октомври ќе биде одлучувачки месец за Јол, над кого виси заканата за разрешување. За да избегне такво сценарио, Мартин планира да ја искористи помошта на Моленстијн, кој неодамна го напушти Анжи. За професионализмот на Рене кажуваат зборовите на Робин ван Перси, кој го опиша својот сонародник како еден од "најдобрите во светот".
Потврда на оваа информација, се коментарите на агентот на Моленстијн, кој призна дека интерес за неговиот клиент покажува "некој лондонски клуб".

No comments:
Post a Comment