- Кембел посочи за расизам кон темнокожите тренери
Поранешниот фудбалер на Арсенал и репрезентацијата на Англија, Сол Кембел смета дека на Островот постои дискриминација во однос на работата на темнокожите тренери.
"Сакам да ја започна својата тренерска кариера зад граница. Во Англија едноставно немам нормална шанса да се занимавам со тренерската работа, барем додека не се измени односот кон темнокожите тренери. Зошто не си го поставите прашањето, како во Англија има толку малку темнокожи тренери и зошто тие заминуваат да работат во странство. Комуницирав со други темнокожи фудбалери кои сакаат по завршувањето на кариерата да се испробаат во тренерската работа и тие прекрасно ја делат мојата позиција. Едноставно во Англија е архаичен односот кон темнокожите тренери. се надевам и се молам, дека ситуацијата ќе се промени", изјави Кембел.

No comments:
Post a Comment