- Мурињо: Против Арсенал ќе играат младите
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо изјави, дека има намера да смета на резервите во натпреварот од четвртото коло на Лига Купот против Арсенал.
"Мислев за оваа средба и донесов одлука дека фудбалерите од младинскиот тим ќе добијат време за игра во овој натпревар. Два дена пред натпреварот со Арсенал треба да се сретнеме со Манчестер Сити. Кој е тој, кој прави таква програма? ".
"Едноставно немам право на избор, два дена меѓу натпреварите е премногу малку. Шампионатот на Премиер лигата за нас е поважен од Лига Купот. Покрај тоа, по натпреварот со Арсенал на нас ни претстои патување до Њукасл. Мислам дека дуелот против "топџиите" ќе биде добро искуство за младите", изјави Мурињо.

No comments:
Post a Comment