- Евертон негираше за одбиени бонуси од Фелаини
Евертон ги демантира информациите дека Маруан Фелаини се откажал од бонусите за лојалност во висина од 4 милиони фунти, за да оствари трансферот во Манчестер Јунајтед. "Карамелите" информираа дека "црвените ѓаволи" сами ќе ја платат сума во износ од 27,5 милиони фунти.
Со доставувањето на барање за трансфер непосредно пред 20:00 часот, Фелаини му гарантира на Евертон, дека нема да бидат принудени да му плаќаат на играчот £ 4 милиони бонуси за лојалност, што им овозможило на двата клуба да се договорат за висината на трансферот од £ 27.5 милиони, соопшти "Телеграф".
Но директорот за комуникациите на Евертон, Алан Маерс ги демантираше овие претпоставки. Тој на "Твитер" напиша: За оние кои прашуваат: Не, Фели не платил 4 милиони фунти од трансферната сума. Клубот купувач ќе плати 27,5 милиони фунти."
![]() |
| Алан Маерс |

No comments:
Post a Comment