- Карлтон Кол се враќа во Вест Хем
Карлтон Кол се враќа во Вест Хем само два месеци, откако беше ослободен од клубот.
Чеканите не го обновија договорот на напаѓачот, кој потоа преговараше со Кристал Палас, Хал Сити, Сент Етиен и тимови од Турција, но не успеа да постигне договор, и уште е без тим.
Лондончани не успеаја да донесат напаѓач на крајот на трансферниот периодот, сега се одлучиле да го земат повторно 29-годишниот фудбалер, кој беше дел од тимот во текот на 7 години.
"И покрај обидите на претседателот Дејвид Саливен и на менаџерот Сем Алардајс, Вест Хем не успеа да ги оствари трансферите кои ги сакаше во понеделникот. Клубот е среќен да соопшти, дека најпопуларниот меѓу навивачите Карлтон Кол ги мина медицинските прегледи и се очекува да се врати на "Болејн Граунд" со краткорочен договор", се вели во официјалното соопштение.

No comments:
Post a Comment