Sunday, 1 September 2013

РУНИ СО ПОВРЕДА НА ГЛАВАТА, НЕИЗВЕСЕН ЗА ДЕРБИТО СО ЛИВЕРПУЛ.

-  Руни може да не игра против Ливерпул

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни може да го пропушти натпреварот од третото коло во Премиер лигата на Англија против Ливерпул поради повреда на главата. Според информациите, играчот си удрил главата за време на саботниот тренингот и ја напуштил клупската база со преврзана глава.
Решение за учеството на Руни во натпреварот ќе го донесе медицинскиот штаб на Јунајтед. Сега ја очекуваме информацијата од медицинскиот тим на Јунајтед, за да разбереме дали Руни ќе игра во дербито, и ако не игра колку време ќе биде надвор од терените.

No comments:

Post a Comment