CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Tuesday, 6 August 2013

ТАРАБТ ЌЕ ПРЕМИНЕ ВО ФУЛАМ...

-  Тарабт на чекор до Фулам

Менаџерот на Фулам Мартин Јол потврди дека напаѓачкиотт халф на Квинс Парк Ренџерс Адел Тарабт ќе биде земен на позајмица. Денес мароканецот ќе ги помине медицинските прегледи, по што ќе го финализира трансферот на "Крејвен Котиџ". Имено Мартин Јол беше човекот кој го донесе Тарабт во Англија, привлекувајќи го во Тотнем на почетокот на 2007 година. Ова лето Тарабт беше посакуван и од францускиот шампион ПСЖ.
"Се договоривме за сè со неговиот клуб. Останува само да ги помине медицинските тестови. Ако се е во ред, тој ќе не се приклучи. Ми се допаѓа неговата креативност. Таа понекогаш се манифестира и со фактот дека постигнува многу голови. Тој е како Димитар Бербатов - понекогаш овие фантастични таленти ќе бидат обвинувани, но јас ќе дадам се од себе да најдам начин да му помогнам да се уклопи со останатите момци. Мислам дека може да биде многу корисен, затоа што тој добро работи со топката ", сподели Јол .

No comments:

Post a Comment