CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Saturday, 3 August 2013

РОЏЕРС: БЕЈЛ НЕ ЧИНИ ДВАПАТИ ПОВЕЌЕ ОД СУАРЕЗ.

-  Роџерс: Бејл не може да чини двојно повеќе од Суарез

Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ги сподели своите ставови за тоа колку пари може да чини Луис Суарез.
"Секој фудбалер има своја цена, но погледнете го пазарот. Во случајот со Гарет Бејл станува збор за 100 милиони фунти, а Гарет Бејл и Луис Суарез беа двајцата најдобри фудбалери минатата сезона во Премиер лигата на Англија", изјави Роџерс.
"Невозможно е да кажеш дека Бејл чини двојно повеќе. Нашиот клуб е убеден во тоа што го прави и никој нема да син замине одовде. Се разбира, има перспектива, според која сакаш да ги имаш само оние фудбалери кои се фокусирани на своето претставување овде, и јас многу пати разговарав со Луис за тоа во текот на годината. Гласините може да го попречат играчот, но тој се врати кон тренинзите и добро работи. Нешто повеќе, колку повеќе тој се наоѓа во колективот и во опкружувањето на навивачите, толку повеќе тој ги разбира работите ", рече Роџерс .

No comments:

Post a Comment