- Полициски коњ стапна стујард за време на немирите на дербито на Западен Ланкашир
Стујард беше однесен итно во болница со тешка повреда на рамото, откако беше стапнат од полициски коњ во нередите за време на натпреварот од Купот на Лигата меѓу Престон и Блекпул. Тој се обидел да ја запре инвазијата на теренот на фановите, но бил соборен од коњ и стапнат од втор коњ.
"Тоа е проблемот на фудбалот. Ние зборуваме за кампањата за респект, но сеуште гледаме доволно инциденти во фудбалот. Навивачите едноставно си дозволуваат да трчат по теренот. Видовме да удираат голмани и не можеме да се научиме. Треба ли некој да биде прободен со нож, за да се запре со сето ова? ", рече лутиот менаџер на Блекпул - Пол Инс.

No comments:
Post a Comment