- Казнија фан на Сандерленд заради расистички гест
Приврзаник на Сандерленд доби тригодишна казна да не посетува фудбалски средби поради расистички гест кон напаѓачот Ромелу Лукаку, еден од голгетерите на Премиер лигата за минатата сезона. Од судот objavija дека Лиам Џонс добил 18-месечно условно ослободување од одговорност, откако призна дека упатил мајмунскi гестови кон напаѓачот на Вест Бромич, Ромелу Лукаку за време на дуелот помеѓу двата тима од Премиер лигата во ноември минатата година. Џонс прво изјави дека е невин, но постојат фотографии како тој ги прави мајмунските гестови на трибините за време на победата на гостинот Вест Бромвич со 4:2, додека Лукаку слави по голот кој го постигна. Судско дело требаше да се одржи следниот месец, но на сослушувањето минатата недела Лиам се изјасни за виновен.

No comments:
Post a Comment