- Венгер: Одигравме добар натпревар
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ги сподели своите ставови за пријателскиот натпревар со Наполи во рамките на турнирот Emirates Cup.
"Тоа беше добар натпревар. Тимот играше со добра брзина против силен ривал. Наполи заврши втор во Серија А, тие играат многу добро на контранапад. По паузата нашата одбрана почна да игра многу добро, претходно му дадовме на противникот премногу слободен простор за напад", изјави Венгер.
"Наполи е одличен тим, многу добро организиран. Ми се допадна начинот на игра на нивните играчи од средниот ред. Веднаш се забележува дека нивните фудбалерите играат заедно од неколку години. Хамшик беше многу добар во првиот дел. Жервињо? Во моментов сме блиску до потпишување на договор со клубот во кој тој ќе игра ", рече Французинот.

No comments:
Post a Comment