- Кристал Палас го сака Шамак на позајмица
Новиот член во Премиер лигата, Кристал Палас ќе се обиде да го донесе во своите редови напаѓачот на Арсенал Маруан Шамак. Тимот има потреба од напаѓач и ќе направи сé за да го земе на позајмица мароканскиот голгетер на "топџиите". Шамак така и не успеа да го докаже својот потенцијал на "Емирати". Токму поради оваа причина Арсен Венгер напорно бара засилувања во предни позиции и нема да прави особени пречки пред сличен трансфер.

No comments:
Post a Comment