CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 1 August 2013

ШКРТЕЛ Е БЛИСКУ ДО НАПУШТАЊЕ НА ЛИВЕРПУЛ, ПОГЛЕДНУВА КОН НАПОЛИ.

-  Наполи и Шкртел се договорија

Дефанзивецот на Ливерпул, Мартин Шкртел ги договори личните услови со Наполи, тврдат италијанските медиуми. Според информациите, "азурите" понудиле 3 милиони годишна плата, што било прифатено од словачкиот репрезентативец. Се соопштува исто така дека претставниците на англискиот тим веќе се наоѓаат во Неапол, за да ги договорат деталите од договорот. Извори тврдат дека најверојатно фудбалерот ќе премине на позајмица за една сезона со опција да биде купен по завршувањето на сезоната, а Ливерпул ќе добие одредена сума за позајмувањето на  својот дефанзивец.
Од почетокот на трансфер прозорецот Шкртел е цел на новиот менаџер на Наполи Рафа Бенитез, но агентот на дефанзивецот тврдеше дека нема како да се случи овој трансфер. Раководството на "црвените", пак, од своја страна, објавија цена од 14 милиони евра, што речиси го откажа италијанскиот тим, но очигледно двата клуба постигнаа договор.

No comments:

Post a Comment