CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 5 August 2013

ИЗЈАВИ НА МУРИЊО, ЛУКАКУ И ШУРЛЕ !!!

-  Мурињо го пофали Моузес


Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо изјави по победата над Милан со 2-0, дека во текот на сезоната ќе прави ротации во тимот, предвид долгата сезона и многуте фудбалери кои има на располагање.
"Каде можам да ги соберам сите играчи. Се надевам дека ќе одиграме 60 натпревари во сезоната. Ќе има ротација на сите фудбалери и тоа е сигурно".
"Виктор е одличен, работи многу напорно. На неговата позиција ги имаме Ден Азар, Кевин де Брујн и Андре Шурле. Со Виктор, можеме да го промениме натпреварот и да дадеме нов живот на тимот", дополни Мурињо.
Младиот напаѓач на Челси, Ромелу Лукаку изјави дека пред него и тимот претстои голем сезона.
"Имаме нов менаџер, ние сме амбициозен клуб, па ни претстои голем сезона. Знам дека луѓето велат убави работи за мене, но јас не сакам да размислувам за иднината. Живеам ден за ден. Сакам да постигнам голови, што повеќе ".
"Со Хуан Мата, Оскар и Еден Азар, и другите имаме одличен тим. Клуб како Челси има потреба од силен тим. Јас сум среќен, под водство на Жозе Мурињо", заврши талентираниот фудбалер.
Напаѓачот на Челси, Андре Шурле се чувствува уверен пред почетокот на новата сезона.
"Многу сум среќен што го постигнав првиот гол. Знам дека е во предсезонските подготовки, но секогаш е добро да постигнеш погодок. Тоа беше мојот прв гол за Челси и денот е добар за мене. Се мина  многу добро одигравме 5 натпревари и ги победивме ".
"Се разбира, не е сè совршено, но игравме добро во секој натпревар. Има 2 недели до почетокот на сезоната, и некои од нас ќе отсуствуваат поради националните тимови, но тимот изгледа добро. Секогаш е подобро да победуваш, за поголема самодоверба и тимски дух. "

No comments:

Post a Comment