- Арсенал официјално праша за Дракслер
Арсенал го насочил своето внимание кон халфот на Шалке 04, Јулијан Дракслер. Според информациите, лондонскиот клуб упатил официјално прашалник, за можноста да биде реализиран трансферот и за вредноста на играчот. Шалке 04 е подготвен да ја разгледа можноста за продажба на Дракслер, но само под услов, понуда да биде околу 40 милиони фунти.
Утринава голем број британски изданија тврдат едно иста, но потоа соопштуваат дека Арсенал има поставено цел да го земе од Реал Мадрид полудефанзивецот Кака. Бразилецот сака да се врати во Милан, но "росонерите" не сакаат да ја платат бараната сума за трансферот на јужноамериканец, додека "топчиите" се подготвени да одговорат на барањата на Реал Мадрид.

No comments:
Post a Comment