- Њукасл потпиша договорсо азискa обложувалница
Најновиот партнер на елитниот англиски клуб, Њукасл е азиската компанија за онлајн обложувања 138.com. Договорот беше проследен со активирање на нов сајт за обложување, и реклами на брендот на "Сент Џејмс Парк". Навивачите на клубот, пак, ќе можат да вложуваат не само на интернет, но и на стадионот во Њукасл. Азиската компанија е дел од регистрираната корпорација на островот Ман, Xela Holdings Group и влезе во англискиот фудбал во јуни, кога потпиша со Вотфорд.

No comments:
Post a Comment