CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Thursday, 1 August 2013

ИЛАРИО ОСТАНУВА ВО ЧЕЛСИ.

-  Официјално: Иларио го продолжи договорот со Челси

Голманот на Челси Енрике Иларио го обнови својот договор со клубот за уште една година, потврдија официјално од седиштето на "сините". Португалскиот голман беше доведен на "Стемфорд Бриџ" во 2006-та година од Жозе Мурињо, кога за прв пат тој беше на чело на лондончани.
Од тогаш 37-годишниот Иларио одигра само 39 натпревари за Челси, но изгледа среќен, и сака да остане уште во Лондон:
"Се чувствувам добро, да потпишав нов договор за уште една година со клубот. Многу сум горд. Навистина сум задоволен бидејќи ќе бидам дел од овој одличен состав и немам трпение да работам повторно со Мурињо," цитиран Иларио од  официјалниот сајт на Челси.


No comments:

Post a Comment