- Ето: Имав сон да играм во Англија
Последниот нов играч на Челси, Самуел Ето призна, дека е среќен, што ќе игра во Премиер лигата.
"Имав и пред тоа можности да дојдам на Островот, но по една или друга причина, тоа не се случи. Имав среќа во кариерата, за да освојам многу троифеи во различни земји. Една од моите последни соништа беше да дојдам во Англија и да видам дали ќе можам да триумфирам со трофеј".
"Ова е нешто што треба да се зборува подоцна. Ако клубот е задоволен од мојата презентација, тогаш може да се побара мое мислење дали сакам да останам во тимот", заврши Ето пред клупската телевизија.
Напаѓачот на Челси, Фернандо Торес призна дека сака Вејн Руни да премине на "Стемфорд Бриџ".
"Челси секогаш ги сака најдобрите фудбалери, а Руни е таков. Јас му се восхитувам, и мислам дека може да оформиме добар тандем", изјави пред Билд, Торес.

No comments:
Post a Comment