- Мурињо: Имам чувства кон Интер, но сакам да ги победиме
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо не крие, дека ќе се радува на средбата со својот поранешен клуб Интер. Двата тима излегуваат утре во пријателски натпревар, а португалецот се цели во победата, оставајќи ги чуствата на втор план.
"Ова ќе биде прв пат по финалето во Лигата на Шампионите во 2010 година, во кој ќе се видам со луѓето во Интер. Во мај 2010 година се видовме последен пат и сега повторно ќе се сретнеме. Имам само 6-7 играчи од моето време таму, но целиот тим е фантастичен. До голем степен сум поврзан со нив, па ќе е подобро да се видиме. Иако средбата е пријателска, секој ќе сака да победи и за време на натпреварот ќе заборавиме што чувствуваме. На ист начин морав да заборавам што чувствувам за Челси, кога го водев Интер. А тоа беше дуел во Лигата на Шампионите, не контролна средба.
Интер е добар противник. Не се многу тимови во Англија, кои играат на ист начин. Интер користи петмина дефанзивци, четворица халфови и еден напаѓач. Играат цврсто, директно и се добри при контра-напади. Ќе биде добар тест за нас" изјави Мурињо, цитиран во официјалниот сајт на Челзи.

No comments:
Post a Comment