- Волкот за Саного, загубата од Галатасарај и новата сезона
Напаѓачот на Арсенал Тио Волкот упати пофалби до единственото ново засилување до моментов францускиот млад играч Јаја Саного.
"Има многу голема конкуренција на неговата позиција, но мислам дека тој ги покажа своите квалитети. Саного е силно момче. Тој има само неколку тренинзи со тимот. Јас неколку пати тренирав заедно со него. Јаја е добро момче и верувам дека ќе се претстави на ниво во Арсенал ".
За поразот од турскиот гигант, Волкот коментираше вака: "Беше фрустрирачки, но тие ја покажаа својата класа со Весли Снајдер и Дидие Дрогба. За почетокот на сезоната ќе бидеме подготвени. Имаме уште неколку недели до почетокот на сезоната и секој ќе биде агресивен - верувајте ми . Ова е голема чекање ", заврши Волкот.

No comments:
Post a Comment