Saturday, 31 August 2013

ТОТНЕМ И РЕАЛ ЗНАЕЛЕ ЗА ТРАНСФЕРОТ НА БЕЈЛ УШТЕ ВО ЈУНИ.

-  Тотнем и Реал се договориле за Бејл уште во Јуни

Деталите од трансферот на полудефанзивецот на Тотнем, Гарет Бејл во Реал Мадрид биле усогласени уште во Јуни, но трансферот се забави поради преговорите со играчот. Тоа значи дека раководството на "Спарс" знаело за договорот уште пред два месеца, вклучувајќи го и менаџерот Андре Вилаш-Боаш, кој даваше најспротивставени изјави во однос на иднината на велшанецот.
Проблемите дошле при преговорите помеѓу шпанскиот клуб и Бејл, поради тоа немаше официјална изјава, како што е вообичаената практика.
Засега се знае дека износот на трансферот е 82 милиони евра, а Бејл ќе добива 7 милиони евра годишно и 60% од правата на својот имиџ.

No comments:

Post a Comment