- Артета: Клубот работи за трансфери на топ фудбалери
Вториот капите на Арсенал Микел Артета изјави дека раководството на клубот работи на засилување на тимот ова лето. Како што е познато, на крајот на минатата сезона од "Емирати" најавија дека поради стабилната финансиска состојба на клубот, Арсенал може да потпише со секој фудбалер, независно од неговата плата.
Артета ја превзеде задача да ги смири приврзаниците на тимот.
"Клубот работи на трансфери на топ фудбалери. Се се наоѓа во рацете на раководството и јас сум убеден дека тие имаат намера да го засилат составот. Ако имаат можност да купат некого, тие ќе го сторат тоа. Но тешко ми е да кажам, дали ќе се направат некои договори до средбите од плеј-офот за пополнување на групите во Лигата на Шампионите ", изјави Артета.

No comments:
Post a Comment