- Кардиф потпиша со уругвајскиот репрезентативец
Новиот член на Премиер лигата, Кардиф Сити официјално објави дека го донесе во своите редови централниот дефанзивец Максимилијано Амондараин од уругвајскиот Прогресо. Преку летото дефанзивецот тренираше заедно со велшаните. По се изгледа дека играчот на младинската репрезентација на Уругвај направил пријатен впечаток, во петокот Кардиф склучи договор за четири години со играчот.
На таков начин 20-годишниот Амондараин стана веќе шестото ново засилување за тимот на Малки Макај во овој преоден рок.

No comments:
Post a Comment