CHAMPIONSHIP

CHAMPIONSHIP

Monday, 5 August 2013

ОФИЦИЈАЛНО: РЕМИ ВО ЊУКАСЛ.

-  Њукасл го објави трансферот на Реми

Напаѓачот на Квинс Парк Ренџерс Лоик Реми ќе ја продолжи кариерата во Њукасл, соопшти официјалниот сајт на "страчки". Според информациите следната сезона францускиот напаѓач ќе игра на позајмица за тимот предводен од Алан Пардју, притоа Њукасл се обврзува да ја плаќа целата плата на играчот.
"За мене е голема чест да играм за толку голем клуб. Ми беше многу пријатно кога во јануари сфатив дека Њукасл се интересира од мене и многу се радувам, што во текот на летото тие повторно го обновија своето внимание кон мене. Премиер лигата е најдоброто првенство во светот и токму тука сакам да играм. Многу сум мотивиран оваа година, затоа што сакам да се квалификувам со националниот тим на својата земја на СП 2014. Знам дека треба да имам голем и успешна сезона со Њукасл, за да го постигнам тоа ", изјави Реми.

No comments:

Post a Comment