- Солдадо успешно ги помина тестовите во Тотнем
Напаѓачот Роберто Солдадо ги помина успешно медицинските прегледи во англискиот фудбалски клуб Тотнем, што беше последниот чекор на неговиот трансфер од шпанскиот тим, Валенсија. Според информациите на локалните медиуми, правата на репрезентативецот на Шпанија се проценуваат на околу 30 милиони евра. Тотнем ќе смета на Солдадо уште во саботата, кога тимот игра контролен натпревар против Еспањол. Тој има 30 гола во 46 натпревари за Валенсија во минатата сезона, а освен тоа постигна и шест гола во 11 натпревари со националниот тим.
НОВО: Пред официјалниот сајт на "Спарси" Солдадо сподели: "За мене е чест да бидам во овој тим, да носам дрес со ваква историја. Се надевам да постигнам доволно погодоци, за да се оддолжам на тимот, затоа што ме донесе во тимот".
"Тотнем е одличен тим, кој заслужува да игра во Лигата на Шампионите. Знам дека првенството е тешко, и затоа ќе работам напорно. Дојдов тука за да постигнувам погодоци и тоа ќе биде мојата цел ", додаде поранешниот напаѓач на Валенсија.

No comments:
Post a Comment