- Ливерпул дава 20 милиони фунти за Јармоленко
Раководството на Ливерпул упатило понуда во вредност од 19,7 милиони фунти за украинскиот напаѓач на Динамо Киев, Андриј Јармоленко.
Фудбалерот, кој во моментов е вистински хит во украинското првенство, го привлече интересот и на германскиот тим Борусија Дортмунд.
Јармоленко кој има 126 натпревари и 44 гола за тимот од Киев, умее да игра како во центарот, така и по крилните позиции. За националниот тим на Украина 23-годишниот напаѓач има 32 натпревари.
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс изјави дека очекува до затворањето на трансфер прозорецот во Понеделник, во клубот да пристигнат двајца нови фудбалери.

No comments:
Post a Comment