- Ливерпул го зеде на позајмица Малгарехо
Менаџерот на Ливерпул, Брендон Роџерс ја убеди Бенфика да го земе на позајмица од една сезона дефанзивецот Лоренцо Малгарехо, тврди "Мирор".
22-годишниот фудбалер најчесто игра како лев бек, но настапува добро и во улога на полудефанзивец. Весникот тврди дека Бенфика е подготвена да го позајми играчот на Ливерпул, а во договорот ќе има опција за постојан трансфер следното лето.
Роџерс сака конкурент и заменик за Луис Енрике, а порано летово пропадна обидот да го земе Али Сисоко од Валенсија.
Малгарехо го направи своето деби во меѓународниот фудбал минатиот ноември во дресот на Парагвај, и Ливерпул верува дека тоа ќе биде доволно за да обезбеди дозвола за работа за дефанзивецот.

No comments:
Post a Comment