- Првиот гол во англиското првенство го постигнал фудбалер на Болтон
Близу 125-годишната мистерија, која го криеше прашањето за историскиот прв стрелец во фудбалското првенство на Англија, беше откриена од Роберт Бојлинг од британскиот весник "Библиотека"("Library"). Според неговото откритие, првиот погодок во формата на сегашните првенства го постигнал Џејмс Кинион "Кени" Девенпорт, кој беше прецизен за Болтон Вондерерс на 8 септември, 1888 година. Тоа се случило во меч против Дерби Каунти. Годинава англиската лигата ја прослави својата 125-та годишнина, а новинарите и статистичари беа со засукани ракави во потрагата по првиот голгетер во нејзината историја. Досега се сметаше дека постигнатиот погодок е дело на Гершам Кокс, кој ја турна топката во сопствената мрежа во натпревар на Астон Вила против Вулверхемптон Вондерерс. Според брошура, која беше откриена неодамна, натпреварот во Бирмингем почнал 30 минути подоцна од вообичаеното. Односно, тој не започнал во 15:30, а во 16 часот по локално време. Познато е и тоа, дека натпреварот на Болтон започнува во 15:45, а Девенпорт постигнал погодок во 2-та минута. Погодокот на Кокс, во сопствената мрежа паѓа во 31-та минута од играта.
"Сите во Болтон знаат точно кој беше Девенпорт - човек од работничката класа, кој уживаше да игра фудбал за прехрана и да претставува својата земја. Не мислам дека тој воопшто имал идеја од какво значење ќе биде неговиот гол за Вондерерс ", рече авторот на книгата за 125-годишнината на англиската лигата Марк Меткалф. Интересен факт е тоа дека Болтон го постигнува и првиот гол за Купот на Фудбалската асоцијација на Англија, тоа се случило во 1923 година на националниот стадион "Вембли".

No comments:
Post a Comment